среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанец крадел во црква, манастир и училиште – сега мора да ги врати работите

Битолчанец крадел во црква, манастир и училиште – сега мора да ги врати работите

Приведен крадец од Битола, расчистени четири тешки кражби, украденото ќе биде вратено на сопствениците

На 03.02.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет –  Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности  откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола.

Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.

Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела.

Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.