четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанец се заканувал преку Фејсбук, па со нож излегол на улица

Битолчанец се заканувал преку Фејсбук, па со нож излегол на улица

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р.(39) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 07.09.2022 околу 18:00 часот, пријавениот на свој профил на социјална мрежа, објавил видео запис со заканувачка содржина кон Н.Ѓ.(57) од Битола и кон други лица, а околу 16:00 часот било пријавено дека во Битола, на ул. „Васко Карангелески“, пријавениот носел нож и претставувал опасност за граѓаните, по што бил приведен од полициски службеници.