петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанец со автомобил удрил во велосипедист

Битолчанец со автомобил удрил во велосипедист
илустрација

На 29.06.2023 во 16.34 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Партизанска“ патничко моторно возило „застава југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(45) од Битола удрило во велосипед управуван од Д.Т.(34) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.