вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Близу 30.000 пиротехнички средства запленети во Гостивар, Штип и Битола (ФОТО)

Близу 30.000 пиротехнички средства запленети во Гостивар, Штип и Битола (ФОТО)

Попладнево околу 12 часот и 30 минути, на улиците „Борче Јовановски“ и „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.А.(48) од Гостивар, затоа што во возило „опел мерива“ му биле пронајдени и одземени 4800 пиротехнички средства и 35-годишниот гостиварец С.К., од кого биле одземени 1835 пиротехнички средства, соопштија од МВР.

– Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Исто така, денеска, полициски службеници од Одделението за крим полиција – отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полицискаа станица од општа надлежност Битола од Н.Ш(57 )од Битола одзедоа 6939 парчиња пиротехнички средства, а Н.Ш. е лишен од слобода.

Од МВР информираат и дека денеска полициски службеници од СВР Штип, по добиени оперативни созаннија, при преглед на возило управувано од А.Ф.(52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.