четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бомба од Првата светска војна пронајдена во битолско

Бомба од Првата светска војна пронајдена во битолско

Нексплодираната бомба била од Првата светска војна. Извршен бил увид, а истата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Вчера во 16.50 часот било пријавено дека во непосредна близина на гробиштата кај село Кременица, битолско, полициски службеници пронашле неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Увид бил извршен, а бомбата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, стои во денешниот билтен на МВР.