Гостиварецот С.Ш.(36) вчера пријавил во полиција дека покрај брегот на Мавровското езеро, помеѓу с.Леуново и с.Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа.
-Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.