среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бугарка уапсена во Скопје, била фатена при извршување кражба

Бугарка уапсена во Скопје, била фатена  при извршување кражба

Денеска (05.09.2023) во 12.00 часот на автобуска постојка на бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Ц.Б.(24) од Република Бугарија.

Таа била фатена при извршување кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник. Кај неа, освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје. Ц.Б. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.