На 14.02.2022 во 21:30 часот во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Т.А.(55) од Скопје, поради постоење основано соменение за извршено кривично дело „насилство“, постапувајќи по пријава на О.Г.(41) од Скопје, вработена во установата.
Според пријавеното, во 19.00 часот Т.А., вработен како чувар во установата, по претходна расправија, физички ја нападнал О.Г, која била на нејзиното работно место.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок.