сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дали судот повторно предизборно заигра за власта? Одобрен обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април

Дали судско-владината спрега повторно се активира предизборно? Ова е прашањето кое познавачите на состојбите го поставуваат по најновата одлука на Советот за оцена на обвинителниот акт при Основниот кривичен суд Скопје кој донесе решение за одобрување обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април. Основното прашање кое експертите од судската фела го поставуваат е дали ќе видиме реприза на „дејствувањето“ на АКМИС - системот, т.е. дали повторно сосема „случајно“ овој предмет ќе и се падне на Добрила Кацарска.
Дали судот повторно предизборно заигра за власта? Одобрен обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април

Дали судско-владината спрега повторно предизборно се активира? Дали судот влегува во дел од кампањата на власта, која соочена со безидејност се навраќа на настани од минатото? Факт е дека деновиве, секојдневно партијата на власт, СДСМ, утрото го започнува со лиферување соопштенија за враќање на „режимот.“

Ова се прашањата кое познавачите на состојбите основано го поставуваат по најновата одлука на Советот за оцена на обвинителниот акт при Основниот кривичен суд Скопје кој донесе решение за одобрување обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април.

Со ова обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, се одобрува во целост, известија предмалку од Советот.

– Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

По веќе оценетиот обвинителен акт, како што велат од Судот, формиран е кривично- правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани.

Обвинението се однесува за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а осомничени се поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.

Основното прашање кое експертите од судската фела го поставуваат е дали ќе видиме реприза на „дејствувањето“ на АКМИС – системот, т.е. дали повторно сосема „случајно“ овој предмет ќе и се падне на Добрила Кацарска или на некој друг од едно те истиот „волшебен“ круг на судии кои секогаш ги судат овие случаи. За потсетување, во повеќе наврати, АКМИС-от, кој треба да дејствува по случаен избор на судии (или така барем треба), и ги додели токму на Кацарска најважните случаи за Заевата Влада. На страна што сите завршија со максимални казни за обвинетите, исто така „случајно“ сите од спротивниот политички табор.

Судските аналитичари прашуваат: Кому сега ќе му се падне случајот за „организаторите“ на настаните од 27. април?