недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Денеска од Идризово побегнале тројца затвореници со вкупна казна од над 26 години, но повторно биле уапсени

Денеска од Идризово побегнале тројца затвореници со вкупна казна од над 26 години, но повторно биле уапсени

Денеска (10.08.2023) околу 16.45 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од с.Студеничани, скопско.

Околу 09.00 часот денеска тие побегнале од Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде што биле на издржување казна затвор. Имено, по преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.

Тие ќе бидат спроведени во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.