среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Денеска само во Скопје се казнети седум правни субјекти поради непочитување на владини мерки

Денеска само во Скопје се казнети седум правни субјекти поради непочитување на владини мерки

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки.

– Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата, наведува Бектеши во објавата.

Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“. (МИА)