среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО КАЈ СОПОТ: Пакетчето со кокаин го криел во левата патика, покрената постапка против едно лице

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО КАЈ СОПОТ: Пакетчето со кокаин го криел во левата патика, покрената постапка против едно лице
илустрација

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​