вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката во Чифлик, повредени три лица

Детали за сообраќајката во Чифлик, повредени три лица

Три лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на регионалниот пат Берово-Делчево, во с.Чифлик.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управуван од В.М.(22) од с.Тработивиште, делчевско и автомобил „хјундаи галопер“ со беровски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од Берово.

-Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.С.(45) од с.Град, делчевско, сопатник во возилото „фиат пунто“, констатирани во Клиничка болница Штип, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово.