четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ХАЛКИДИКИ – 22 годишен Македонец загинал на лице место, а неговиот сопатник на 21 година е повреден

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ХАЛКИДИКИ – 22 годишен Македонец загинал на лице место, а неговиот сопатник на 21 година е повреден

Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа- Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Македонија, а автомобилот бил со македонски регистарски таблици.