недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дете паднало од тераса во Кавадарци, пренесено на скопските клиники

Дете паднало од тераса во Кавадарци, пренесено на скопските клиники

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци, пренесен бил на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата била пријавена во 14:00 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата ,,Браќа Џунови“.

Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.