среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Дете со остар предмет нападнало малолетник

Дете со остар предмет нападнало малолетник

На 25.12.2022 во 23:50 часот во Полициската станица Драчево, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на родител, извршиле разговор со малолетник од с.Морани, скопско.

Тој се сомничи дека, по претходна расправија, со остар предмет нападнал друг малолетник.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.