Вчера во 15.00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца малолетници (машко и женско), кои биле затекнати при извршување кражба во продажен објект на истата улица.
Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.