сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка го пријавила момчето, ја нападнал во автомобил

Девојка го пријавила момчето, ја нападнал во автомобил

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (31 октомври) околу 21 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 23-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица.

Лицето, информираат од СВР Тетово, еден час пред тоа било пријавено од 22-годишна тетовка, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле низ централното подрачје.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.