петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка нападната на бензинска пумпа во Аеродром

Девојка нападната на бензинска пумпа во Аеродром
илустрација

На 21.06.2022 во 20:50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Д.(21) од Крива Паланка пријавила дека во периодот од 00:00 до 00:20 часот на бензинска пумпа на подрачје на Аеродром била физички нападната од Ф.Ш.

Таа се познавала со напаѓачот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.