вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Доцна синоќа приведен тетовец кој се криел во мотел: Претходно украл пари од спортска обложувалница

Доцна синоќа приведен тетовец кој се криел во мотел: Претходно украл пари од спортска обложувалница

Денеска (19.02.2022) во 01.00 часот во мотел во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.В.(27) од Тетово. Тој се сомничи дека на 18.02.2022 околу 21.00 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово.

При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.