Докторка од Итна медицинска помош вчера во 16,10 часот била физички нападната.
Како што информираат од полицијата, во село Волково, во двор додека С.М.(53) лекар во Итна медицинска помош била на интервенција и извршувала работни задачи кај пациентот Д.Т., физички била нападната од страна на М.Т.(24).
Полициски службеници презеле соодветни мерки и активности и против М.Т. е поднесен соодветен поднесок.