На 08.12.2022 во 01.30 часот во Полициско одделение Матејче, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека на 07.12.2022 околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С. од с.Орланце, скопско, со уште едно лице, физички ја нападнале ќерката и со закана со оружје ја одвеле од домот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.