Четириесет и осум годишниот И.Т. вчера бил физички нападнат откако го предупредил Е.Д. да ја намали музиката.
Од полицијата информираат дека на улицата „Владимир Комаров“ од страна на Е.Д. и уште неколку лица физички бил нападнат И.Т. (48) и бил удрен со цигла во пределот на рамото, а откако побегнал во бараката каде што живеел, лицата со секири удирале во бараката и искршиле неколку прозори.
-Во моментот на нападот присутна била и неговата невенчана сопруга. Причина за нападот, според пријавата, било тоа што И.Т. претходно го предупредил Е.Д. да ја намали музиката, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.