ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ш.Х.(49), државјанин на Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „кражба“.
На 02.08.2021 во соба во мотел во Струга, пријавениот физички го нападнал М.П. од Република Албанија и му одзел пари и предмети, а потоа го нападнал и Е.И. од село Велешта, струшко, употребувајќи и остар предмет.
Полициски службеници од Полициската станица Струга извршиле претрес во просторија каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршеното кривично дело.
Истражен судија од Основен суд Струга му одредил притвор.