Во општина Карпош во текот на денешниот ден по претходна расправија, вработен бил нападнат со остар предмет, по што интервенирала и полицијата.
Повредениот бил пренесен во болницата „8 ми Септември“ поради потреба од лекарска помош.
-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.
Според неофицијални информации, настанот се случил поради љубовен триаголник- вработениот во општината подолг период бил во врска со мажена жена, а сопругот е сторителот на нападот.