сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДРАМА ВО ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАД – жена предизвикала пожар на терасата од плинска боца, па истата ја фрлила врз две паркирани возила кои се запалиле!

ДРАМА ВО ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАД – жена предизвикала пожар на терасата од плинска боца, па истата ја фрлила врз две паркирани возила кои се запалиле!
илустрација

Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, истата ја фрлила преку балкон по што биле опожарени два автомобила.

– Вчера во 11:20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица во градот „8 септември“ а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, биле опожарени патнички возила „Опел Корса“ и „Мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.