На 6 мај 2019 година во 01.30 часот во СВР Скопје В.А.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот пред штаб на политичка партија во с.Волково А.Л.(27) од с.Волково почнал да удира по неговото патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, при што скршил едно стакло.
Полициски службеници излегле на местото , по што А.Л. и Д.Л.(59) почнале агресивно да се однесуваат и кон полициските службеници. По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.