вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Штип: Му влегол дома, го претепал и му го одзел паричникот

Драма во Штип: Му влегол дома, го претепал и му го одзел паричникот
илустрација

На 22.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Штип.

Тој се сомничи дека околу 14.00 часот физички го нападнал С.К.(24) од Штип во неговиот дом во Штип и му го одзел паричникот. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Лицето било задржано во Полициска станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.