Дваесет и седум годишната А.Д. вчера пријавила дека претходниот ден во 18 часот противправно била лишена од слобода, од страна на поранешното момче Ф.Ќ.(22).
-Имено, додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, истиот ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал, информираат од МВР.
Во полицискиот билтен се наведува дека истиот и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.