четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во судот во Гостивар: Полицаец со неговиот татко извршил насилство врз поранешната сопруга, не било прв пат да ја нападне жената

Драма во судот во Гостивар: Полицаец со неговиот татко извршил насилство врз поранешната сопруга, не било прв пат да ја нападне жената

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, за кои е поднесена кривична пријава за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените го сториле делото на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд, каде физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првопријавениот и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни.

Инцидентот пред судницата се случил додека чекале продолжување на судското рочиште во врска со претходно пријавен настан, во кој оштетените повторно го пријавиле првопријавениот за предизвикување општа опасност.

Првоосомничениот е полициски службеник, додека неговиот татко е пензиониран полициски службеник. Честите недоразбирања меѓу осомничениот и неговата вонбрачна сопруга кулминирале со неколку пријави за кривично-правни и прекршочни настани за кои се водат соодветни постапки.

Ценејќи го ова, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, додека за неговиот татко се предложени мерки на претпазливост.​