вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во тетовско: Пијани се претставувале како инспектори од УБК во кафеана, па извадиле и пиштоли

Драма во тетовско: Пијани се претставувале како инспектори од УБК во кафеана, па извадиле и пиштоли

Полицијата поднесе кривична пријава против против М.Ј. (68) и Д.С. (28), двајцата од село Старо Село-општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“.

-На 10-ти април минатата година околу 2 часот во угостителски објект без фирма во село Копанце-тетовско, сопственост на С.Т., пријавените под дејство на алкохол, претставувајќи се како инспектори на УБК Скопје, се обиделе да ги легитимираат гостите во објектот, по што извадиле огнено оружје, информираат од МВР.

Пo интервенција на полициски службеници, при извршен преглед кај првопријавениот бил пронајден револвер марка “Застава” и шест куршуми, а кај второпријавениот пиштол марка “Маусер“ со празна рамка и осум испукани чаури калибар 9 милиметри.