среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дрска измама во Скопје, дознајте што доживеа еден дедо и бидете внимателни

Дрска измама во Скопје, дознајте што доживеа еден дедо и бидете внимателни

На 02.11.2021 во 12:00 часот во СВР Скопје, 77 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 10:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил измамен од две лица.

Според пријавеното, лицата му побарале и добиле пари на заем за да се услужат во врска со наводно случена сообраќајна несреќа, а како залог му оставиле рачен часовник.

Откако подолг временски период лицата не дошле да го вратат заемот, тој сфатил дака бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.