Седумдесет и две годишната Р.С. од Кичево, вчера околу 16 часот физички била нападната од две непознати лица во сопствениот дом.
-При овој напад на жената и биле одземени златни обетки и ланчиња, а ОВР Кичево презема мерки за рачистување на случајот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Кражбите во овој град во последно време станаа редовна појава. (МИА)