среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Државјани на Англија фатени во кругот на Генерал штаб, го крателе патот до хотел

Државјани на Англија фатени во кругот на Генерал штаб, го крателе патот до хотел

Во СВР Скопје вчера вечерта било пријавено дека во кругот на Генерал Штаб на АРМ на ул.„Орце Николов“ биле забележени и задржани двајца странски државјани.

Тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија.

-Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.