За кратко време попладнево во Тиквешко избувнале два пожара, потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
-Едниот од пожарите избувнал во росоманско Паликура поради невнимание при горење на лозови прачки по резидба на винови лози. Затоа апелираме до земјоделците да внимаваат кога ги кројат лозјата, затоа што иако сеуште не е дојден верскиот празник „Свети Трифун” како заштитник на лозарите, на терен интензивно се крои и се гори отпад од лозовите насади’, изјави за МИА командирот на ТППЕ Александар Чадамов.
Пожарникарите се уште се на терен и на ридот Љубаш, кој кавадарчани го сметаат за бели дробови на Кавадарци, односно пожар има и над манастирот.