четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дваесетгодишно момче и 16 годишно девојче исчезнаа вчера во Скопје, полицијата трага по нив

Дваесетгодишно момче и 16 годишно девојче исчезнаа вчера во Скопје, полицијата трага по нив

Од Министерстово за внатрешни работи информираат дека две млади лица вчера биле пријавени за исчезнати.

Како што информираат од МВР синоќа околу 23,30 часот  во  Полициската станица Чаир Т.М.(45) пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот од домот во непознат правец  се оддалечила неговата 16 годишна ќерка.

Исто така, вчера во 08,30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.С.(54) пријавил дека на 25.06.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот син М.С.(20).

Од МВР информираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.