недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца браќа од Куманово претепани пред угостителски објект во скопски парк- веднаш ги пренеле во Ургентен центар

Двајца браќа од Куманово претепани пред угостителски објект во скопски парк- веднаш ги пренеле во Ургентен центар

На 15.06.2019 година во 04.00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени две лица со повреди здобиени од физички напад кој се случил пред угостителски објект во градски парк.

Според пријавеното, околу 03.30 часот П.К.(38) од Куманово и неговиот брат П.К.(32) биле физички нападнати од повеќе непознати лица.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.