СВР Куманово поднесе кривични пријави против Б.Р.(44), Ш.А.(27), И.М.(36), Б.И.(25), В.В.(44), сите од Куманово и А.А.(44) од општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во периодот од 16.04.2021 до 29.04.2021, пријавените биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за движење за време на забрана за движење на населението.