среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца браќа од Неготино Полошко лишени од слобода за работење по работно време и отстранување на пломба

Двајца браќа од Неготино Полошко лишени од слобода за работење по работно време и отстранување на пломба

Двајца браќа од Неготино Полошко се лишени од слобода заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија – отстранување на пломба на Државен пазарен инспекторат.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате, во селото Неготино, го лишиле од слобода М.Б.(30) од селото Неготино, сопственик на угостителски објект во селото. Тој се сомничи за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во неговиот локал по работното време имало околу 25 гости.

Инспектори на Државен пазарен инспекторат – Гостивар го затвориле и запечатиле со пломба. Подоцна Б.Б.(37), брат на сопственикот, ја отстранил пломбата, по што и тој е лишен од слобода. (МИА)