На 21.07.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово. Тие биле затекнати и фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.