сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца малолетници извршиле 10 кражби на подрачјето на Кочани

Двајца малолетници извршиле 10 кражби на подрачјето на Кочани
илустрација

Двајца малолетници извршиле десет кражби на подрачјето на Кочани.

Од МВР информираат дека вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, во ОВР Кочани се повикани малолетник од Кавадарци со претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кочани и малолетник од Кочани со неговиот родител, поради постоење основи на сомнение дека малолетниците извршиле кривични дела од областа на имотните деликти.

-Покрај обезбедените докази дека двајцата во периодот од 22 до 29 јули годинава, сториле 10 кривични дела на подрачјето на ОВР Кочани, и тоа: седум „тешка кражба на дрзок начин“, една „тешка кражба во обид“ и две кривични дела „кражба“. При извршените службени разговори, тие и ги појасниле делата, велат од полицијата.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.