На 29.06.2022. година, во ОВР -Струга пријавено е дека на брегот на Охридското езеро кај струшкото село Калишта, пронајдени се две стари гранати, информираат од СВР Охрид.
Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи.
Подигнувањето на гранатите денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.