СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(31) и И.Р.(24), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 09.04.2021 во с.Порој, на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед над пријавените, при што кај А. А. бил пронајден и одземен кокаин.