сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени вчера во сообраќајки во Скопје

Две лица повредени вчера во сообраќајки во Скопје

Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од седум сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 56 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 19 возачи.

Според полицискиот извештај, пет управувале возило под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, еден почетник, а 12 биле нерегистрирани.

Непрописно биле паркирани 84 возило, а  пајак службата подигнала 82 моторни возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците, еден неправилно престигнувал, тројца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и тројца возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.