петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две мајки во полиција, им исчезнале ќерките – една е малолетна

Две мајки во полиција, им исчезнале ќерките – една е малолетна

На 07.04.2023 во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од с.Драчевица, скопско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми.

Според пријавата, таа и претходно се оддалечувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.04.2023 во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) од с.Церово, тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(23).  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.