На 11.10.2020 во 01.40 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосница со кружен тек, составена од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски гемиџии“, ул.„Новачки пат“ и ул.„8 Септември“ во Битола, помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(28) од с.Трново, битолско и патничко возило „хонда цивик“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(22) од с.Лознани, општина Могила.
Во незгодата, И.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Битола.