На 15.03.2020 во 01.00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(28) од Скопје, пријавил дека во 00.20 часот на бензинска пумпа на бул.„Трета македонска бригада“, поради несогласување во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така друг таков настан се случил и во Гостивар, а стои во полицискиот билтен на МВР:
На 14.03.2020 во 17:10 часот во СВР Тетово, С.Н.(34) од Гостивар пријавил дека околу 16:30 часот, на паркинг пред продажен објект на бул. „Гоце Делчев“ во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.