Во текот на вчерашниот ден околу 17:40 часот во Куманово, на улица „Средорек”, Д.С.(26) од Италија управувајќи товарно моторно возило, комби “Волсваген” удрил во две годишно дете од Куманово, информираат од МВР.
На детето му е укажана лекарска помош во болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е препратена на лекување во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.