сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице осомничено дека неовластено држело поголемо количество муниција

Едно лице осомничено дека неовластено држело поголемо количество муниција

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

– На 9 мај 2019 година на магистралниот пат Кичево-Гостивар, при претрес на возило во кое осомничениот 24-годишен жител на Скопје се превезувал како сопатник, биле пронајдени вкупно 612 куршуми муниција за пиштоли со различен калибар. Муницијата била пронајдена во џебовите на осомничениот и под седиштето во автомобилот, соопштија од Обивинителството.

Наведоа дека, ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.