Ф.Б.(53) од Гостивар вчера пријавил во полиција дека во населбата Циглана забележал експлозивна направа.
-Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и од Дирекцијата за заштита и спасување. Експлозивната направа била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.